октомври 26, 2020
ON LINE ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
Во согласност со препораките и мерките за зачувување на јавното здравје одбележан 18-ти октомври Европскиот ден за броба против трговија со луѓе. За таа цел се одржа on line работилница на која учествуваа средношколци од сите средни училишта во Велес.
Работилницата ја одржа обучен врснички едукатор, Ангела Попчева. Од нејзиното излагање младите можеа да научат како да препознаат и да се заштитат од трговијата со луѓе.
На крајот се разви дебата на тема „Трговија со луѓе“ во која сите учесници го искажаа своето мислење за овој проблем.
На on line работилницата присувствуваа 13 претставници од средните училишта. Истата се одржа на 20-ти октомври.