септември 10, 2021

ОРИЕНТЕРСКА СЕСИЈА ЗА НОВИТЕ ВОЛОНТЕРИ

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст од Велес на 09-ти септември се одржа првата ориентерска сесија наменета за новите волонтери кои во иднина ќе бидат дел од организацијата. Тие ги научија основите на Црвениот крст, принципите, настанувањето на организацијата, амблемите, програмите по кои се работи, но го видоа и локалниот план согласно кој можат да видат во која област сакаат да волонтираат и каде најмногу се пронаоѓаат. На ориентерската сесија присувствуваа 12 волонтери од четирите средни училишта во градот.

Сесијата ја одржа ориентерот Лазе Петрушевски, кој неодамна ја заврши обуката за ориентери. Во наредниот период ќе се одржат и други сесии на кои ќе се ориентираат новите волонтери.

< врати се назад