ОТВОРЕН ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ
Трета година Црвен крст на Република Ссеверна Македонија Општинска организација Велес одржува отворен ден за граѓаните. На штандови во централното градско подрачје, пред Театар Џинот беа промовирани активностите на организацијата. Граѓаните може да видат што работи Црвен крст на посето на социјално хуманитарната дејност, здравствено превентивната дејност, младите, катастрофите и дисеминацијата.
Во подготовката и реализацијата на штандот учество зедоа 25-мина волонтери од Клубот на млади. Тие изведоа показна вежба по прва помош, за најмладите организираа лотарија со награди, а поставија и штанд за донација на училишен прибор кој ќе се подели на деца од семејства со ниски примања. Како посебен дел од настанот беше и активноста за привлекување на нови волонтери во Клубот на млади. Во оваа прилика ни се придружија четири нови лица.