
ноември 4, 2025
ОТВОРЕН ДЕН НА ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА 2025
Волонтерите од клубот на млади при ООЦК Велес ја одбележаа неделата на млади. Поставија штанд на кој преку рачно изработени боенки, пораки, флаери ја промовира работата на црвениот крст. Се поделија и 50 балони со знакот на црвен крст.
Исто така тие беа дел од делењето на големата пита. Голема благодарност до хуманите граѓани кои донираа. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни пакети за лица од социјален ризик кои ќе се поделат во рамките на неделата на гладта.
На акцијата учествуваа 10 волонтери од клубот на млади.














































