август 5, 2021

ПОДДРШКА ЗА ПОЖАРОТ ВО БЛИЗИНА НА ПЕХЧЕВО

Членовите на Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес со експресно брза реакција се придружија на Републичкиот тим и претставуваа првата логостичка поддршка за населението во погоденото подрачје од пожари во регионот на Пехчево, поточно во близина на село Умлена.

Во доцните вечерни часови нас 04-ти август се доставија шишиња со вода за граѓаните и за лицата кои се ангажирани за гасење на пожарот.

Тимот за одговор пти катастрофи од Општинската организација Велес е ставен во приправност и подготвен да одговори на сите предизвици, како што беше и во овој случај 125 километри далеки од нашиот град.

< врати се назад