септември 30, 2021

ПОДЕЛБА НА ФЛАЕРИ ЗА ПСИХОЛОШКА ПРВА ПОМОШ И ПСИХОСОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Продолжува поддршката за лицата во трето доба за полесно справување со последиците од Пандемијата со Ковид 19. За таа цел волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Велес во Здружението на пензионери поделија информативни флаери за психолошка прва помош и психосоцијална заштита.

Намерата е од прва рака да се информираат пензионерите за функционирањето на сервисот во Вардарскиот (централен ) регион. Флаерот ги содржи телефонските броеви: 043/231-537, 076/294-036 и 071/274-223. На овие дежурни броеви може да се јави секој граѓанин од Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Свети Николе и да побара психолошка помош или советување за полесно справување со Пандемијата со Ковид 19.

Овој флаер се подели за сите присутни во големата сала на Здружението на пензионери, но и за сите корисници на станбен простор на здружението. Активноста ја реализираа тројца волонтери.

< врати се назад