
ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ДСУ РЦСОО „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“
Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес, во соработка со Црвениот крст, се одржа показна вежба за заштита и постапување во случај на пожар.
Показната вежба, во која активно учествуваа учениците и наставниците од училиштето, беше успешно изведена согласно планот за евакуација при пожар и протоколите за безбедност во образовните институции. Целта на активноста беше да се подигне свеста кај младите за правилно и смирено постапување во итни ситуации, како и запознавање со мерките за лична и колективна безбедност.
Екипата обучена по прва помош изведе демонстрација на укажување помош кај две повреди – изгореница на рака и реанимација, при што беше прикажана и психолошка прва помош за смирување и поддршка на повредените лица.
Во вежбата учествуваа претставници од МВР, Брза помош, Црвен крст, Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Општина Велес, кои со своето присуство придонесоа за реалистичност и едукативност на настанот.














































