јуни 16, 2020

ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА И ПРИМАТЕЛИ НА НЕГА

Продолжува распределбата на хуманитарната помош од USAID за семејства кои живеат во социјален ризик и за лица кои се приматели на нега.

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација велес денеска поделија 30 пакети со храна и со средства за хигиена. Распределбата е соглесно списоците кои ги добивме од Министерството за труд и социјала во координација со Центарот за социјални работи.

При поделбата на помошта имевме помош од Општина Велес и Територијалната противпожарна единица кои учествуваа во активноста.

< врати се назад