октомври 21, 2019
ПОСЕТА НА КРУШЕВО СО ЛИЦАТА ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР
Согласно предвидените активности во рамки на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ се одржа еднодневна екскурзија во Крушево. На истата присувствуваа 10 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и лицата од Дневниот центар со посебни потреби, заедно во нивните воспитувачи.
Екскурзијата се одржа на 16-ти октомври, во чест на Тоше Проески. Присутните ја посетија спомен куќата на нашата музичка ѕвезда, Mакедониумот и уште неколку културно историски споменици во Крушево. Активностите во рамки на овој проект се финансиски поддржани од Комерцијална банка.