август 17, 2020

ПОТРАГА ПО ДАВЕНИК ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР

На 14 и 15 август Тимот за одговор при катастрофи беше дел од потрагата по 51-годишнот велешанец Спасе Димовски кој на 6-ти август беше однесен од поројница во Близина на велешкото село Белештевица, кај местото викано Лавчани и сите проценки се дека телото најверојатно е внесено во река Вардар.

На барање на семејството на исчезнатиот четворица волонтери на Тимот за одговор при катастрофи требаше да бидат надворешна поддршка за тимот кој требаше со моторен гумен чамец да го пребарува речното корито. Сепак откако се увиде дека тој тим го нема потребното искуство и обука за движење по водите на Вардар беше одлучено да се заменат ,па Тимот за одговор при катастрофи од ООЦК Велес ја превзеде клучната улога во потрагата.

Првиот ден на 14 август се помина теренот од местото каде поројницата се влева во Вардар до градскиот парк во Велес. Делницата е околу 11 километри, за жал без успех

Втриот ден на 15 август се продолжи од Велес до село Ногаевци. Делница од околу 20 километри. Но и тогаш не се пронајде лицето.

Како многу отежителни фактори се виокото ниво на Вардар, нетипично за овој дел од годината и малата провидност на водата.

Тимот за одговор при катастрофи во овие два дена беше предводен од Илија Попов,а покрај дего учество зедоа уште петмина членови. 

< врати се назад