август 1, 2019

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ОСВЕЖИТЕЛЕН КУРС ПО ПРВА ПОМОШ

Припадниците на Територијалната противпожарна единица од Велес на 1-ви август го посетија освежувачкиот курс по Прва помош како дел од Националната кампања „Твоето незнаење чини живот“ која од 15-ти јули ја реализира Црвениот крст.

Познавањето на првата помош за пожарникарите е од клучно значење поради природата на нивата работа. Тие во својот работен век сигурно имаат ситуации во кои треба да извршат прва помош со која ќе му помогнат на лице загрозено во пожар, а во голем број од случаите може да спасат и човечки живот.

Освежителниот курс го одржа Доктор Јадранка Мишкова, волонтер на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Претседател на комисијата за прва помош. На обука присувствуваа 10 пожарникари.

< врати се назад