ПРЕДАВАЊА ЗА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР И ЗГРИЖУВАЧКИ РОДИТЕЛИ
Согласно оперативниот план по проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и младинци со посебни потреби“, Општинската организација на Црвениот крст Велес во соработка со ЈУМ Центар за социјална работа, Дневен центар за лица со посебни потреби и згрижувачки семејства од општината – поддржан финансиски од Комерцијална банка како спонзор, продолжува со имплементација на активностите во периодот септември – декември. За жал во овој период ни се случи пандемијата со вирусот Ковид 19 и оперативните планови за оваа година претрпеа измени.
Во овој период т.е. во месец октомври и ноември се одржаа две едукативни предавања за родители и тоа на 30 октомври во просториите на Општинската организација Велес се одржа презентација за Ковид 19 наменето за родителите на децата од Дневниот центар. Додека на 12 ноември се одржа истата презентација овојпат за родителите на деца во згрижувачки семејства. За секое семејство беше обезбезбеден пакет со средства за дизинфекција, гелови за дизинфекција за раце, маски, ракавици и др.
На предавањата се применуваа сите протоколи за заштита на личното здравје.