ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПРВА ПОМОШ ВО ООУ ПАНКО БРАШНАРОВ
Продолжуваат обуките за прва помош за наставниците и останатите вработени во велешките основни и средни училишта. Во рамки на кампањата „Биди и ти херој во твоето училиште“ се одржа предавање по прва помош во Основното училиште „Панко Прашнаров“. На истото присувствуваа голем дел од вработените. Тие имаа можност да научат или да ги освежат нивните знаења за срцево-белодробно оживување, постапка при скршеница, крварење, појава на рани и останати повреди каде треба да се пружи прва помош.
Предавањето го одржа Д-р Владо Хаџи Наумов долгогодишен волонтер на Црвен крст, најмногу вклучен во реализација на програмата за прва помош.
Во наредниот период ќе се посетат и останатите основни и средни улчилишта во градот за да се одржат слични активности со кој ќе се претстави првата помош како активност која треба да ја знаат што поголем број на граѓани, како во иднина ќе имаме и поголем број на лица кои ќе знаат да пружат помош во најразлични ситуации.