ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ
Во Општинското основно училиште „Блаже Конески“ започна реализација на едукации за „Превенција од зависности“. Во текот на вчерашниот ден се одржаа првите две работилници со учениците од седмо одделение.
Целта на работилниците е да се едуцираат младите за болестите на зависност и како да кажат „Не“ за пушењето, алкохолизмот и дрогата.
Пред присутните ученици, презентација одржа врсничкиот едукатор Орданче Рибарски.
Вакви работилници во иднина ќе се одржуваат во сите основни училиште во Општина Велес, во кои ќе бидат опфатени учениците од седмо, осмо и девето одделение. Целокупниот проект е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, а се реализира со помош на волонтерите и едукатори од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес.