ноември 4, 2025

ПРИЗНАНИЕ ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО

Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес го доби јубилејното признание за исполнет план за крводарителство во 2024 година.

Ова е уште еден доказ за хуманоста на велешани и несебичната поддршка на крводарителството. Признанието е потврда и за нашата посветеност, хуманост и континуитет во промоцијата на доброволното крводарување.

Секако најголема благодарност упатуваме до крводарителите и нашите соработници со чија што помош ги реализираме сите крводарителски акции.

Крводарителството е врвен чин на хуманост!

Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!

< врати се назад