септември 21, 2020
ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТИ
Првата помош е важна и игра клучна улога во спасувањето на човечки животи, но неопходна е соодветна обука и знаење за укажување на прва помош. Знаењето и вештините за давање на прва помош треба да бидат достапни за сите.
Општинската организација на Црвен крст Велес континуирано работи на обука на различни категории на граѓани и волонтери за давање на прва помош. Вештините за укажување на прва помош се едноставни и потребна е самодоверба за истите да се користат.