мај 22, 2020
ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Почитувани,
Во период на Пандемија и Вонредна состојба кога се шират многу вести и информации за Корона вирусот, кај голем дел од граѓаните се јавува анксиозност, депресија, страв и паника од непознато. Апелираме до сите кои ќе почувствуваат дека имаат потреба од разговор со стручни психолози се јават на двата дежурни телефонски броеви кои се отворени веќе два месеци. Со психолозите можат да се советуваат, да разменат мислења за надминување на било која од овие состојби.
Телефонските броеви се:
– 078/317-035
– 076/278-178
за психолошка прва помош за граѓаните од Општините Велес, Градско и Чашка.
Телефонските линии се отворени во два термини од денот:
-10:00 до 12:00 часот
-18:00 до 20:00 часот