март 7, 2023

РАБОТИЛНИЦА ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР

Како дел од проектот: Подобрување на социјализацијата на лица и млади со посебни потреби“ финасиски поддржан од Комерцијална банка, по повод 8-ми Март ден порано, во просториите на Дневниот центар се одржа креативна работилница, организирана од страна на волонтерите од клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес.

Целта на работилницата е да се подобри социјализацијата на лицата од Дневниот центар, преку поттикнување на нивната креативност и заедничко дружење со волонтерите од Црвен крст. На истата се изработуваа честитки и други рачни изработки. Тие ќе бидат поделени на 8-мо мартовскиот штанд кој ќе биде поставен во центарот на градот. Во реализацијата на оваа активност беа вклучени шестмина волонтери.

< врати се назад