
февруари 20, 2025
РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 19-ти февруари се одржа редовно годишно собрание.
Се донесоа важни одлуки за функционирањето на организацијата. Присутните гласаа „ЗА“ и ги потврдија Буџетот и Програмата за работа во 2025 година, а се усвоија и Извештајот за работа, Извештајот за остварени приходи и расходи и Завршната сметка за 2024 година.
На собранието присувствуваа 14 од вкупно 19 претставници.
