април 8, 2025

РЕКОРДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Голем одзив на Крводарителската акција која Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес, Мото клубот „Носачи на крстот“ и Институтот за трансфузиона медицина ја одржаа денеска во Велес. Се даруваа рекордни 183 крвни единици. Претходниот рекорд беше 180 единици. Петмина од дарителите тоа го направија за прв пат и станаа дел од големото хумано семејство крводарители.

Акцијата се одржа на 06-ти април во просториите на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Истата беше осма од почетокот на 2025 година. Во реализацијата учество зедоа десет волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад