ноември 4, 2025

РЕКОРДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – 200 ДАРУВАЊА

Рекордна и многу успешна беше крводарителската акција по повод Денот на Општина Велес. Граѓаните на Велес дефинитивно ја докажаа нивната хуманост и даруваа 200 крвни единици. Седуммина од нив даруваа за прв пат.

Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, Мото клубот Носачи на крстот, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општина Велес помогнати од Театар Џинот.

Во реализацијата учество зедоа осуммина волонтери од Клубот на млади.

Голема благодарност до сите крводарители и вклучени во организацијата, промоцијата и реализацијата на денешната акција.

smart
< врати се назад