РЕКОРДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Крводарителите од Велес одново ја покажаа нивната хуманост. На традиционалната крводарителска акција, по повод Денот на Општина Велес, која се одржа на 03-ти Ноември тие даруваа вкупно 180 крвни единици. Од нив 12-мина даруваа за прв пат. Ова е рекордна бројка на крводарителските акции за Денот на Општина Велес. Претходно најмногу беа дарувани 178 единици со крв.
Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, заедно со Мото клубот „Носачи на крстот“ и Општина Велес, како и „Театар Џинот“ во чии што простории се реализираше акцијата. На акцијата учество зедоа четворица волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес.