септември 15, 2022
СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРВА ПОМОШ
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес се одржа првата седница на Комисијата за прва помош во мандатниот период 2022 – 2026 година. Истата беше во проширен состав. Покрај петмината членови, присувствуваа и останатите лекари волонтери, предавачи и демонстратори по прва помош.
На седницата се дискутираше за кампањата „Првата помош спасува живот“ и се разгледа планот предложен од стручната служба се реализација на обуки по основните и средните училишта. Исто така се разговараше за состојбата и нелојалната конкуренција во првата помош за работни организации, за обука на тим составен од млади волонтери и за обука на вработените во детските градинки.