Стани Волонтер
Волонтер на Црвен крст е лице кое повремено или редовно извршува волонтерски активности за националното друштво на Црвен крст.
Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 34 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.
Сеуште не сте волонтери пополнете ја пријавата и станете дел од големото хумано семјство на Црвен крст на Република Македонија: