СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Во својата структурна поставеност, Црвениот крст на РМ има Собрание, како највисок орган на управување, Извршен одбор како извршен орган, Претседател, два Потпретседатели, Финансиска комисија, Млади на Црвениот крст и комисии како советодавни работни тела, Генерален секретар со Стручна служба.
Црвениот крст на Република Македонија, во текот на своето 61 годишно постоење и работа има долга и успешна активност во изминатите години во служба на човекот. Националното Друштво прерасна во современа, ефикасна но и автономна организација, рамноправен партнер со сите национални друштва во Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Црвениот крст на РМ со своите акции и активности ја докажа улогата на организација која е кадровски и технички спремна и способна успешно да работи на надминување и разрешување на проблемите и прашањата кои што се поставуваат пред членството на Црвениот крст на РМ.
Организирани се голем број активности од социјалната програма, здравственото воспитување и превентивата, првата помош, превенција на болести на срцево крвните садови, превенција на ракот, превенција на туберкулозата, превенција на зависностите, психолошка поддршка, грижата за бегалците и раселените лица, унапредување на крводарителството преку доброволност, анонимност и бесплатност, програма за подготвеност во услови на катастрофи и обука, а посебно внимание е посветувано за современа дисеминација и ширење на меѓународното хуманитарно право и активностите на Младите на Црвениот крст како и голем број други активности.
Во наредната активност сме упатени на сопствените ресурси зошто основата на стратегијата за натамошниот развој во Меѓународната федерација е децентрализација на програмите и поголема зависност од сопствените потенцијали и проекти освен на странски и од домашни донатори. Зголемување на бројот на волонтерите и мобилизирање на заедниците. Тоа претпоставува зголемување на капацитетите на Црвениот крст на Република Македонија за подготвеност и ублажување на последици од катастрофи и успешна интеграција во европските иницијативи.
Програмата за работа на Црвениот крст на Република Македонија, е концепирана врз Стратегијата за развој до 2010 година на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полуесемчина и Развојниот План на Црвениот крст на Република Македонија за 2006 2010 година.
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Последниве години на планот на институционалниот развој се преземани мерки и носени се одлуки за зголемување на ефикасноста во работењето, иницијативи за зголемување на капацитетите и јакнење на волонтаризмот и се правени дополненија и ревизија на Статутот за создавање услови за поефикасно функционирање на органите и облиците за дејствување, рационализација на трошоците за остварување на функцијата и единство во акцијата, координирано и синхронизирано дејствување на конститутивните делови.
Црвениот крст на РМ, направи проценка и анализа на состојбите на севкупното работење на општинските организации на Црвен крст, која претставува појдовна основа за ефикасно трансформирање и реорганизација на сите сегменти на националното друштво. Со неа се утврдија јаките страни, слабостите, можностите и заканите на општинските оргнизации на Црвениот крст. Податоците говорат за: структурата на управата и раководството, материјално техничката опременост, бројот на активни волонтери и инфраструктура на Црвениот крст на РМ, од кои Црвениот крст на РМ доби реална слика за кадровските и материјалните капацитети во ООЦК. Добиените резултати ги детектираа најитните потреби, приоритети и предизвици во ООЦК. Процената и Анализата обезбедува добра основа за краткрочни и долгорочно планирање со континуиран мониторинг и евалуација на работата на општинските организации на Црвен крст.
Во Р.Македонија се донесени повеќе закони и подзаконски акти кои го засегнуваат Црвениот крст на РМ, со што само се потврдува статусот на помагател и партнер на Владата на РМ на Црвениот крст на РМ.
Само ќе ги споменеме најважните закони и подзаконски акти со кои се регулира начинот на кој Црвениот крст на РМ партиципира во оранизирањето и спроведувањето на активности во РМ.
З А К О Н И
- Закон за Црвен крст на Република Македонија (Сл. Весник на РМ бр.41/1994)
- Закон за јавните патишта (Сл.Весник на РМ бр. 26/96) К Ослободување од плаќање на годишен надоместок за возила од регистрација (член 108)
- Закон за изменување на Законот за јавните патишта (Сл.Весник на РМ бр.31/2006) К Ослободување од плаќање на надоместок за употреба на автопат (член 109)
- Царински закон (Сл.Весник на РМ бр.39/2005) К Ослободување од плаќање увозни давачки ( член 195 точки 1 и 2)
- Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РМ бр.14/98) К Оспособување на кандидати за возачи, настава по прва помош (член 244);
- Изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РМ бр. 38/2004) К Оспособување на кандидати за возачи, настава по прва помош (член 20).
- Закон за заштита и спасување (Сл.Весник на РМ бр.36/2004) К Учество на невладини организации (член 49)
- Закон за управување со кризи (Сл.Весник на РМ бр.29/2005) К Учество на Црвениот крст на РМ (член 2 и 24)
У Р Е Д Б И
- Уредба за начинот на спроведување на мерката за заштита и спасување прва медицинска помош (Сл.Весник на РМ бр.80/2005)
- Уредба за спроведување на асанација на теренот (Сл.Весник на РМ бр.80/2005)
- Уредба за условите и начинот на потрага по воздухоплов и спасување на воздухоплов (Сл. Весник на РМ бр.88/2001)
ПРАВИЛНИЦИ
- Правилник за видот и обележувањето на капалиштето (Сл.Весник на РМ бр.59/2001)
ПРОГРАМИ
- Програма за организирање и унапредување на крводарителство во Република Македонија
- Програма за содржините од областа на постапување во случај на сообраќајна незгода (укажување на прва помош) (Сл.Весник на РМ бр. 60/2004)