јануари 27, 2026

ЦРВЕН КРСТ СО 20 ВОЛОНТЕРИ ОБЕЗБЕДИ ЦЕЛОСНА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА ЗА ВОДИЦИ

Волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес обезбедија целосна логистичка поддршка на манифестацијата Богојавление „Водици“, која се одржа на Мало Мовче во центарот на градот.

Тимот за одговор при катастрофи со моторен чамец патролираше по водите на реката Вардар, грижејќи се за безбедноста на учесниците во фаќањето на Светиот крст, додека волонтерите од Клубот на млади поделија над 400 чаши топол чај за сите присутни.

На манифестацијата вкупно учествуваа 20 волонтери од Општинската организација на Црвен крст – Велес.

< врати се назад