април 28, 2021
ВЕЛИГДЕНСКА РАБОТИЛНИЦА СО ЛИЦАТА ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР
Традиционално пред празникот Велигден, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Велес заедно со лицата од Дневниот центар за лица со посебни потреби ја одржуваат Велигденската работилница. Овојпат со примена на протоколи за заштита на јавното здравје и со заштитна опрема.
Целта на работилницата е да се поттикне креативноста кај лицата од Дневниот центар кои помогнати од волонтерите на Црвен крст изработуваат велигденски јајца со различни бои и техники. На 28-ми април се изработија 30-тина велигденски јајца кои на штанд ќе се продаат за симболични цени.
Велигденската работилница Црвениот крст и Дневниот центар ја одржуваат над 10 години пред Велигден.