ноември 15, 2019

ВТОРА ФАЗА ОД КАМПАЊАТА „ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ“

 

Во рамки на втората фаза од кампањата „Твоето незнаење чини живот“ се одржаа работилници во учениците во велешката гимназија „Кочо Рацин“. Младите на возраст помеѓу 16 и 18 години ги учеа основите на Првата помош. Во улога на предавач, волонтерот Д-р Владо Хаџи Наумов им ги објасни начините за пружање прва помош во ситуација на бессознание, крварења, скршеници, изгореници, итн.

На едукацијата присувствуваа над 40 присутни. Дел од нив испробаа како е да се изврши реаниманција на фантом-кукла.

работилницата се одржа во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Училишниот клуб на Црвен крст кој од неодамна започна да функционира во гимназијата.

< врати се назад