мај 21, 2020

ВТОРА ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Ниту пандемијата од Корона вирусот не ги спречи крводарителите од Велес и околните населени места и денеска да ја покажаат нивната хуманост.

На Втората вонредна крводарителска акција даруваа 63 крвни единици. Поголем дел од дарителите или 49 беа мажи, а останатите 14 се од женски пол. Во најхуманото семејство, како првократни крводарители денеска се впишаа пет лица.

Крводарителската акција се одржа во Ликовниот салон. Заеднички ја организираа Општинската организација на Црвен крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина .

На крводарителската акција се превзедоа мерки за безбедност поради здравствената ситуација во која се наоѓаме.

Денешната е втора крводарителска акција која е надвор од Годишниот интегрален план за крводарување. На првата се даруваа идентични 63 крвни единици.

< врати се назад