За нас

Младите од Црвениот крст на Република Македонија се млади луѓе од територијата на Република Македонија, кои се залагаат за подобрување на животот на ранливото население, со искористување на слободното време за волонтирање во активностите и програмите на националното друштво. 

Тие се на возраст до 30 години, од различна националност и верска припадност и се организирани на национално и локално ниво. Во рамките на секоја општинска организација на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, младите се организираат во Клубови на млади, додека на национално ниво претставници од сите клубови на млади го сочинуваат Советот на млади како највисок орган на Младите на Црвен крст на Република Македонија.

На територија на Република Македонија дејствуваат 34 клубови на млади, во чии рамки на дејствување заклучно со 31,12,2017 година во 30 клуба на млади регистирирани се активни 1894 млади волонтери.

 

 

Сите 34 клубови на млади функционираат согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ и Статутите во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје. Покрај тоа, секој клуб на млади поседува свое Упатство за организирање кое го опишува начинот на организирање кој се разликува зависно од потребите на клубот. Во некои клубови на млади постои разгранетост на помали организациони форми заради обемната територијална покриеност во училишта или месни заедници ( училишни клубови за едукација и превенција), а пак некаде има и ограноци на клубовите организирани за дејствување во одредени програми ( Клуб 25 или клуб на млади крводарители ). 

< врати се назад