декември 29, 2020

ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

За поголема заштита од Корона вирусот и за зачувување на здравјето кај најмладите во изминатава недела се изврши поделба на заштитни маски за нив. Во соработка со Јавната установа меѓуопштински центар за социјални работи се делеа маски на деца кои се од семејства со ниски примања и ученици кои добиваат образовен додаток.

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес поделија вкупно 1110 заштитни маски. Најмногу 580 се поделија во Велес и околните населени места. 500 се поделија во населените места во Општина Чашка и 20 во Градско. Голема помош при распределбата имавме од основните училишта, кои прачтично беа главната врска со крајните корисници.

< врати се назад