
февруари 26, 2025
ЗАВРШЕНИ ОБУКИТЕ ЗА ПХВ ЦИКЛУС 2025
Успешно се реализираа трите обуки во рамките на Програмата „Црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ за 2025 година. Со завршувањето над 30 младинци од општина Велес се обучија да изработат и да документираат мали проекти за доброто на заедницата.
Новите волонтери веќе се поделени во пет групи и тие ќе изработат исто толку проекти.
Во текот на наредната недела започнуваат со работа на терен и изработка на мали проекти. Тие ќе бидат помогнати од локалниот дисеминатор Матеја Матева, некогаш учесник, а сега прва година одговорна за реализацијата на ПХВ Програмата во Општинската организација на Црвен крст од Велес. Изработката на проектите ќе се изведува до почетокот на месец мај.
