Здравствено превентивна дејност
Намалувањето на ранливоста на населението на здравствено превентивен план, е една од задачите во работата на Црвениот крст на РМ. На здравствено воспитен план се реализираат повеќе активности во согласност со стратешките определби, мандатот на организацијата и календарот на традиционални активности на Црвениот крст на РМ, со можност за проширување на делокругот на работа преку реализација на програми и проекти. Позначајни програмски активности:
- Намалување на стигмата и дискриминацијата кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА, и Туберкулоза;
- Намалување на штети кај интравенозни корисници на дроги;
- Палиативна грижа и домашна нега;
Едукација на населението од областите на превентивната здравствена заштита.