април 10, 2023

154 КРВНИ ЕДИНИЦИ НА АКЦИЈАТА СО МОТО КЛУБОТ „НОСАЧИ НА КРСТОТ“

 

Голем одзив на Крводарителската акција која Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на деветти април ја организирше со Мото клубот Носачи на крстот. Во ликовниот салон се донираа 154 крвни единици. 12 од дарителите даруваа за прв пат и стнаа дел од најуманото семејство крводарители во земјата

Ова воедно е трета Пролетна акција со Мото клубот на која се реализираа рекорден број дарувања. Вкупно ако ги земеме во предвид и Есенските акции заедничката бројка е 16.

Акцијата се спроведе заеднички со два тима од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата на акцијата учество зедоа 12-мина волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст.

< врати се назад