јуни 8, 2026

90 ДАРУВАЊА ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Под мотото “Ти подарувам бесмртност” денеска се одржа традиционалната крводарителска акција по повод Рациновите средби. Истата е во организација На Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Општина Велес.

На денешната акција вкупно беа дарувани 90 крвни единици. Четворица од дарителите даруваа за прв пат. Тоа е најголем број на оваа акција. Минатата година се даруваа 36.

Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата учество зедоа петмина волонтери од Клубот на млади.

Голема благодарност до сите крводарители кои даруваа, на Музеј Велес за просторот во ликовен салон за одржување на акцијата

< врати се назад