февруари 6, 2021

ЧИЧКО ТОДОР СЕКОЈ МЕСЕЦ ДОНИРА ПО 1000 ДЕНАРИ ЗА ЦРВЕН КРСТ

Запознајте го чичко Тодор Митушевски. Со своите 74 години, се одликува со хуманост, истрајност и упорност. Доказ за тоа е фактот што веќе 72 месеци, без исклучок или точно шест години од својата пензија уплаќа средства во Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес. На почетокот по 500 денари секој месец, а сега ја удвои сумата и речиси една година уплаќа по 1.000 денари.

Овие средства Општинската организација на црвен крст од Велес ги искористува за да се направат пакети со храна или средства за хигиена и да се достават кај семејства кои имаат потреба.

Чичко Тодор вели дека ќе уплаќа средства се додека е жив. Не му претставува проблем. Големо му е задоволството што знае дека секој месец има некој што му е благодарен, како што во оваа прилика и Општинската организација јавно му се заблагодарува на неговата истрајност, упорност и жебла за помагање која го одликува подолг временски период.

Тодор Митушевски за совојата хуманост покрај наградите и признанијата од Црвениот крст има добиено и награна за Најхуманист во Општина Велес за 2017 година.

< врати се назад