мај 10, 2021
ЦРВЕН КРСТ ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО
Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 08-ми мај беа дел од големата еколошка акција која се одржа во близина на Велешкото езеро Младост до село Сопот.
Под мотото „За чисто како дома исто“ осум волонери од Општинската организација беа основната логистичка точка на акцијата. Тие делеа вода за сите присутни, распределуваа ракавици, средства за дезинфекција, маски и вреќи за собирање на отпадот. Секако дека се вклучија и во чистењето со собирање и селектирање на отпадоци.
Во Генералка викенд освен Црвен крст учество зедоа и над 300 граѓани на Велес, членови на здруженија, Невладини организации, вработени во општински институции и јавни претпријатија.