октомври 21, 2022

ЦРВЕН КРСТ ПОДДРШКА НА КАРАВАНОТ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ВАКЦИНАЦИЈА

Волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 21-ви октомври беа поддршка на Караванот за информирање и вакцинација во Велес, Чашка и Бузалково. Тие се логисчичка поддшка за успешна реализација на кампањата која се реализира под мотото „Заедно заштитени – вакцините делуваат“..

На лице место граѓаните од овие три населени места добиваат информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип, за вакцините против КОВИД 19, како и вакцинација против КОВИД 19 на лице место. За време на настанот лекарските екипи вршат и мерење на крвен притисок на сите заинтересирани.

Караванот за информирање и вакцинација е во организација на Министерството за здравство, со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО).

< врати се назад