април 19, 2021
ЦРВЕН КРСТ ПОДДРШКА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ИМУНИЗАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ВЕЛЕШКО
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и натаму во првите борбени редови во ботката против Пандемијата со Корона вирусот. Тое се дел од тимовите кои ја реализираат имунизацијата на повозрасните граѓани на Велес и околината.
Пунктот за имунизација се наоѓа во Јавната здравствена установа „Здравствен дом“, а по двајца волонтери во две смени или вкупно 10 часа секојдневно се ангажирани на терен. Тие се задолжени за прием и регистрација на граѓаните кои доаѓаат на вакцина и за контрола на термините во кои се пристигнува на вакцинацијата.
Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес ќе бидат дел од процесот на имунизација се додека има потреба од нив.