март 8, 2021

ЦВЕЌЕ И ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ

Со рачно изработени честитки и цвеќе членовите на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на велешанки им го честитаа 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. На платото пред Театар Џинот на штанд се поделија каранфили и осмомартовски честитки со убави пораки.

Освен припадничките на понежниот пол не ги заборавивме ниту децата. За нив имаше лотарија на која тие добиваа награди и рачно изработени мартинки кои се заштитен знак за месец март.

Активноста за реализација на осмомартовскиот штанд ја реализраа две волонтерки од Клубот на млади, а во подготовка на истиот учествуваа вкупно седумина волонтери

< врати се назад