февруари 21, 2023

ДИСЕМИНАЦИСКА ОБУКА

Во просториите на ООУ “Васил Главинов” на 20-ти февруари се одржа дисеминациска сесија. Учениците од осмо одделение се запознаа со Црвениот крст, значењето на организацијата, принципите по кои делуваат волонтерите, ги научија знаците по кој се препознава организацијата, компонентите кои го определуваат движењето и областите во кој има активности.

На дисеминациската сесија присувствуваа околу 30-тина ученици. Тие покажаа значаен интерес за Цервениот крст. Имаа многу прашања, а дел од нив веднаш изразија желба да станат волонтери. Сесијата ја одржа дисеминаторот Клара Арсовска помогната од Александра Здравевска од стручената служба. Согласно планот за дисеминации во 2023 година предвидени се вакви обуки во сите училишта.

< врати се назад