декември 17, 2020

ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ВО ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“

Учениците од второ и трето одделение во Основното училиште „Панко Брашнаров“ од Велес неделава учеа за Црвениот крст. За таа цел се одржаа дисеминациски сесии со сите одделенија. Ученците прво го гледаа филмот „Приказна за една идеја“, а потоа дискутираа на тема хуманост и како секој да ја истанке оваа негова особина.

Во вториот дел од дисеминацијата тие изработуваа цртежи и ликовни творби каде еден од мотивите е знакот на Црвениот крст. Оваа активност во изминатите години се извршуваше со помош на врснички едукатори од Клубот на млади, но сега поради пандемијата истата беше изведена од псилогот Сладјана Настева која е долгогодишен волонтер во Црвен крст на Република Северна Македонија општинската организија Велес.

< врати се назад