октомври 14, 2019

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ ОД ПХВ ЦИКЛУСОТ 2019

Во Поливалентниот простори на ООУ „Блаже Конески“ вечерва доделени дипломите за учесниците од Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ за 2019 година.

Пред околу 100-тина присутни гости, добитници на признанија и волонтери на Црвен крст се истакна големото значење на оваа програма која ги детектира целните групи и поединци во општеството на кои им треба помош, а преку младите се реализраат проекти за промени во нивните животи.

За добро реализирани проекти дипломи добија 44 младинци кои во 2019 година изработија дури осум проекти за доброто на заедницата.

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес им додели благодарници и на: Атлантис Инвест Груп, Лајонс Клуб – Велес, Жаклина Донева, ООУ Свети Кирил и Методиј, СОУ Гимназија Кочо Рацин, ООУ Блаже Конески, Локална библиотека „Гоце Делчев“, „Кафе кали“, НГ Гемиџии, Валентина Гогова, Лазе Петрушевски за помош при реализација на проектите.

Пред присутните се обратија В.Д. Претседателот на Општинската организација на Црвен крст Милица Ристовска Темелковска и инструкторот во ПХВ програмата Ангел Ќиров.

Манифестацијата ја водеше локалниот дисеминатор Александра Здравевска, а за забавниот дел од програмата беа задолжени членовите на студиото за модерен балет „Црни мачиња“.

< врати се назад