март 16, 2021

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КРВОДАРИТЕЛИТЕ СО ЈУБИЛЕЕН БРОЈ НА ДАРУВАЊА ЗА 2019 И 2020 ГОДИНА

Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес еден ден порано одбележан 17-ти март Денот на крводарителството. По овој повод беа врачени признанијата за граѓаните кои во 2019  и 2020 година достигнаа јубилејни 50, 75 и 100 дарувања.

Вкупно, јубилеен број на крводарувања достигнаа 41 крводарител. Четворица за 100 дарувања, седуммина за 75 дарувања и 30 со 50 дарувања.

Како компанија која го поддржува крводарителство благодарница доби Marquardt Македонија, ПОУ Маца Овчарова и Основната организација на Црвен крст од Градско. Васко Трајковски е награден со благодарница за мотиватор за крводарителство.

Поради Пандемијата со COVID 19 оваа година не се одржа традицонална манифестација со посебни обраќања и културно уметничка програма. За да се избегне групирање добитниците на наградите се повикаа да доаѓаат во просториите на Црвен крст етапно по 10-мина на секој час.

< врати се назад