декември 12, 2023

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО 2023

Во Големата сала на Општина Велес се одржа манифестација на која Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ги додели признанија за најдобрите волонтери во 2023 година, волонтерите со најмногу волонтерски часови волонтери со најдолг континуиран волонтерски стаж.

Признанија се доделија за вкупно 53 лица. Голем дел волонтери вклучени во најголемиот локален настан во градот, Државниот натпревар по прва помош. На Манифеставијата присутни беа и волонтерите кои се вклучени во органите и телата на Општинската организација на Црвен крст.

Пред присутните свое обраќање имаше Др. Кевица Шопова Клифова, Претседател на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес. Таа посочи дека им честита на добитниците и им порача ова признание да им биде потстрек за во иднина. „Општинска организација на Црвен крст сме неизмерно благодарни за секој час и минута волонтирање. Нашите волонтери се темел на организацијата, база врз која почива нашето работење. За среќа ние имаме одлични темели, одлични волонтери со кои се гордееме„ истакна Шопова Клифова.

Повод за одржување на манифестацијата е 05-ти декември, Светскиот ден на волонтерството.Истата требаше да се одржи пред една недела, но се одложи поради настанатата ситуација во државата.

< врати се назад