јуни 10, 2021

ДОНАЦИЈА НА ДВА РЕСПИРАТОРИ ВО БОЛНИЦА ЈАСЕНОВО

Два неинвазивни респиратори од марката COVIDAIR S/T доби болницата за белодробни заболувања во Јасеново. Ги донираа волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес. Донацијата е од компанијата BCD microtecknique SA.

Двата респиратори ќе се употребуваат при лекување на пациентите во оваа болничка установа. Токму во наредниот период овде се очекува зголемен број на пациенти како последица на пост ковид третман.

< врати се назад