ноември 13, 2020

ДОНАЦИЈА ЗА 11 ОСНОВНИ УЧИЛИШТА И ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес во изминативе денови извршија достава на донација во 11 основни училишта и во Детските градинки „Димче Мирчев“. Сталка за дезинфекција, безконтактен термометар и дезинфиционо средство добија четири основни училишта во Велес, како и училиштата во Горно Оризари, Чашка. Богомила, Горно Јаболчиште, Иванкови, Градско и Посебното основно училиште „Маца Овчарова“.

Истовремено донација од сликовници за децата се дистрибуираше во сите клонови на Детските градинки „Димче Мирчев“ истата беше обезбедена преку Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Министерство за образование и наука.

< врати се назад