ноември 6, 2020

ДОНАЦИЈА ЗА ПЕТ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС И ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на извршија донација на заштитна опрема и средства во пет основни училишта во Велес и во училиштето во Горно оризари.

Донацијата се состоеше во сталки со монтиран уред за дезинфекција, дигитални безконтактни термометри и средство за дезинфекција.

Освен во овие шест училишта: ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, ООУ „Панко Брашнар“, ПОУ „Маца Овчарова“ и ООУ „Рајко Жинзифов“ иста донација ќе добијат и училиштата во Чашка, Горно Чаболчиште, Богомила, Градско и Иванковци.

Сет со сликовници се доделија во Детските градинки „Димче Мирчев“.

< врати се назад