април 13, 2021

ДОНАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПОУ МАЦА ОВЧАРОВА

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 13-ти април доставија донација во Посебното основно училиште „Маца Овчарова“. Донацијата се состои од 50 нови блузи кои ги донираше Германскиот Црвен крст. Со истата ќе бидат опфатени сите ученици од ова училиште.

Инаку донација за нови маици освен овде се планира да се додели за деца од сомејства кои живеат во социјален ризик и во училишта во рурални средини каде навистина има потреба од тоа.

Донацијата во ПОУ „Маца Овачарова“ ја извршија Ангела Попчева и Јовица Димовски од Клубот на млади, но и двајцата волонтери со над 18 годишна возраст.

< врати се назад