април 10, 2023

ДОСТАВЕНИ ПАКЕТИ СО ХРАНА ЗА ОТСЕЧЕНИТЕ ЖИТЕЛИ ОД СЕЛО С’ЛП

Успешна хуманитарна мисија на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес, Општина Велес и Територијалата противпожарна единица Велес. Доставени се пакети со храна за отсечените жители на село С’ лп.

Волонтерите на тамошните жители им предадоа 16 пакети со основни прехрамбени производи. 14 наменети за село С’лп и по еден за Карабуниште и Лавчани.

Поради штрајкот на железницата не сообраќаат патнички возови кои се главно и практично единствено превозно средство на овие жители. Патот е во многу лоша состојба и прооден само со теренско возило. Делницата од 15 километри во еден правец ја поминавме за еден саат и триесет минути. Храната се дистрибуираше во брандирани кеси бидејки немаше доволно место за палкети во авбомотилот LADA NIVA.

Во подготовката и дистрибуцијата на хуманитарните пакети учествуваа чертворица волонтери.

< врати се назад